Големо изненадување во Москва, дали Лопетеги е вистинското решение за Реал ?


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Големо изненадување се случи вечерва на стадионот „Лужники“ во Москва каде тимот на ЦСКА со 1:0 славеше против актуелниот европски шампион, Реал Мадрид.

Единствениот гол на средбата го постигна хрватскиот интернационалец Никола Влашиќ уште во втората минута.

„Кралскиот клуб“ до крајот на натпреварот притискаше, упати 27 удари кон голот на „Армејците“ но на крајот не успеа да ја затресе нивната мрежа.

Во вториот натпревар од групата Г, тимот на Рома со убедливи 5:0 славеше против аутсајдерот Викторија Плзен.  Един Џеко се истакна на оваа средба со хет-трик, а по еден гол постигнаа Ченкиз Ундер и Џастин Клајверт.

На табелата прва е ЦСКА Мсква со четири поени, Реал Мадрид е второпласиран, додека на третото место е тимот на Рома.