Голем проблем за Симеоне: Бунт во соблекувалната на „Јорганџиите“


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид не делува така лошо од стартот на сезоната.

Мадриѓаните го делат првото место со Борусија во Лигата на шампионите, моментално се наоѓаат на четвртата позиција во Примера со не така големо заостанување зад лидерот Барселона, но во внатрешноста на клубот сепак стана тензично.

Еден од најважните луѓе во стручниот штаб на Диего Симеоне е професорот Ортега, кондициониот тренер на „Јорганџиите“ кој е познат по своите ригорозни методи.

Во суштина, Диего Коста добро се сеќава по што се врати во Мадрид кога Аргентинецот чесно го намачи додека не го донесе в ред поради вишокот на килограми.

Сега останатите играчи кренаа бунт бидејќи сметаат дека интензитетот на кондиционите тренинзи е преголем, и дека причина за тоа се повредите на играчите.

Најмногу страдаше Хозе Марија Хименез кој мускулот на левата нога го повреди четири пати само од стартот на сезоната, од клубот објаснуваат дека има поголем мускул на десната отколку на левата нога, и дека тоа е причина за неговите повреди, но се чини дека не е баш така.

Атлетико на Симеоне профилираше како борбена екипа подготвена да трча со ист инстензитет од првата до последната минута, па останува да се види како Аргентинецот ќе го реши овој проблем.