Голем спектакл: Роналдо со Јувентус ќе игра на петти август!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Наскоро би можеле повторно да се видат Реал Мадрид и Кристијано Роналдо, но овојпат тоа ќе биде на спротивните страни.

Реал Мадрид игра против Јувентус на петти август во пријателски натпревар во Интернационалниот Куп на шампиони во САД.

„Кралевите“ ја почнуваат турнејата во последниот ден од јули и тоа против Манчестер јунајтед, а потоа следува спектаклот против Јувентус.

Една недела подоцна Реал ќе игра против својот градски ривал Атлетико Мадрид, но во рамки на европскиот Суперкуп.