Голем удар за Виљареал – Голманот надвор од теренот до крајот на сезоната!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Првиот голман на тимот, Асењо нема да игра до крајот на годината поради повреда на коленото.

Асењо ги повреди лигаментите на левото колено по дуелот со Бензема, по што мораше да го напушти теренот во 34-та минута.

Лекарските прегледи покажаа дека неговата повреда е сериозна и дека ќе мора да паузира најмалку до крајот на сезоната, а можеби и подолго.

За него ова беше 4-ти  пат да има слична повреда во кариерата.

Виљареал во натпреварот беше поразен од Реал Мадрид со 3:2, иако водеше со 2:0.