Голманот на Ливерпул доживеа тешка повреда која ќе го оддалечи од теренот повеќе од година дена


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Голманот на Ливерпул, кој е на позајмица во Виган, Адам Богдан нема да брани до крајот на сезоната, пренесоја англиските медиуми.

    Од своето пристигнување на „Енфилд“, Богдан помина повеќе време на позајмица отколку на голот на Ливерпул, па така оваа сезона одлучи да брани за Виган во Чемпионшип.

    Сепак, во натпреварот против Барнсли во сабота, Богдан доживеа тешка повреда на коленото и веднаш беше однесен во болница.

    Во Ливерпул не сакаа да го превземат случајот, па го вратија Богдан на позајмица, и одлучија тие да се погрижат за него.