Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Вест Бромвич Албион потврдија дека Сем Џонстон е нивното прво засилување за овој летен преоден рок.
25 годишниот голман се враќа во Бирмингем откако претходните две сезони ги помина во најлутиот ривал на ВБА, Астон Вила како позајмен од Манчестер Јунајтед.
„Среќен сум што сум овде. Зборував многу со луѓето за клубот и слушнав само убави работи. Играв многу натпревари во Чемпионшип, но потоа се враќав во Манчестер Јунајтед. Сега е време да го кренам моето ниво што верувам дека ќе го сторам овде“ –коментираше Џонстон.