До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Наполи во седмото коло од италијанската Серија А го доживеа првиот пораз, Илија Несторовски повторно стрелец за Палермо кои испуштија бод во последните секунди од мечот.
Наполитанците гостуваа во Бергамо, каде што Аталанта славеше со минимални 1:0, а голот на одлука го постигна Петања во деветтата минута.
Така Наполи после шест мечеви без пораз сепак беше немоќен и во Серија А повеќе нема непоразени тимови во оваа сезона.
Синот на Диего Симеоне, Џовани, повторно погоди за Џенова, кој донесе три бода во Болоња.
Во овој меч видовме три црвени картони, кај домаќините исклучени се Гасталдело и Џемаили (директен), а на другата сртрана Гентиељети. Каљари со головите на Ди Џенаро и Падоин запишаа триумф со 2:1 против Кротоне.
Палермо преку нашиот репрезентативец Илија Несторовски во гости кај Сампдорија, но во петтата минута од продолжението Фернандез донесе вреден бод за домаќините.















