ГОТОВА Е САГАТА: Иско најави заминување, познато и каде ќе ја продолжи кариерата..?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец, Иско е во немилост кај тренерот на Реал, Сантијаго Солари, закрепна од повредата, но и натаму не добива шанса во стартните единаесеттмина.

Сега Аргентинецот почна да му дава шанса и на младиот Љоренте, што дополнително ја загрозува позицијата на Иско во екипата, иако не играат на исто место, јасно е дека со влегувањето на нови играчи во ротацијата во редот за врска на сите пропорционално им се намалува минутажата.

Поради сето тоа, многу се зборуваше за неговата судбина на „Сантијаго Бернабеу“, познато е дека неговите квалитети ги почитуваат голем број тренери ширум Европа и со задоволство би го сакале во своите екипи.

Сега шпанскиот новинар, Едуардо Инда ексклузивно изјави дека Иско е подготвен да ја промени средината и тоа веќе во јануари.

Тој како што се наведува му кажал на еден свој соиграч дека доколку Сити испрати понуда за неговите услуги, во следниот преоден рок да ги напушти редовите на Реал.

Така што, изгледа дека Иско е свесен дека добро би се вклопил кај Пеп Гвардиола во Премиер лигата, сака да му се придружи во Манчестер, а сега на потег е управата на „Граѓаните“, која мора да испрати соодветна понуда на „Бернабеу“ за неговите услуги.

За потсетување, неговата откупна клаузула е тешка 700 милиони евра, во Реал изјавија дека Иско може да замине исклучиво по оваа сума, но на инсистирање на играчот може да се промени и мислењето.

Во секој случај, понудата на Сити може да биде издашна, останува да се види дали Гвардиола е подготвен за некој вид размена, не е тајна дека Реал веќе некое време го следи Рахим Стерлинг.