Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат англиските медиуми, во Арсенал го изгубија трпението за германскиот интернационалец Шкодран Мустафи.
Фудбалерот кој во Северен Лондон пристигна од Валенсија летото 2016. година за 35 милиони фунти, не ги оправда очекувањата, има проблеми и со повредите, па во Арсенал изгледа се каат што порано не го продадоа, а имаа шанса за тоа.
Интер испрати две понуди за неговите услуги летото 2017. година, но „Топчиите“ не ги прифатија, бидејќи не успеаа да најдат соодветна замена.
Сега изгледа сфатија дека Мустафи едноставно го нема потребниот квалитет, па германскиот интернационалец ќе биде ставен на трансфер листата.
Унаи Емери изминатото лето немаше шанси да ја состави екипата по свој вкус, шанса за тоа ќе добие следното лето, па меѓу првите на листата за отстрел заврши токму Мустафи.