Готово е: „Л’Екип“ објави дека Адеми има нов клуб од Франција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И покрај тоа што вчера излезе информација дека Бордо се распрашува за услугите на македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, сепак до неговиот потпис прв ќе дојде тимот на Лил.

„Л’Екип“ пишува дека Лил повторно го контактирал Динамо и ја зголемил понудата која претходно изнесуваше 3.8 милиони евра.  Сега од францускиот клуб испратиле понуда од пет милиони евра, сума која Динамо веројатно ќе ја прифати.

Од таборот на Лил долго време трагаат по евтино, а квалитетно засилување за средината на теренот, а изборот на крајот паднал на нашиот репрезентативец.