Готово е: Митровиќ се врати на „Кревин Котиџ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако во Њукасл падна во втор план, Александар Митровиќ замина на позајмица во Фулам каде буквално експлодира и беше еден од најдобрите играчи на клубот од „Кревен Котиџ“ минатата полусезона.

Одличниот српски напаѓач му помогна на тимот да се врати во Премиер лигата, а на 18 средби за Фулам постигна вкупно 12 погодоци.

Тренерот Славиша Јокановиќ задоволен од неговите партии стори се за да го обезбеди неговиот потпис за перманентен трансфер, а тоа денес беше официјализирано. Фулам на Њукасл ќе исплати околу 25 милиони евра за неговите услуги.