Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арон Ремзи дефинитивно ќе си замине од Арсенал како слободен агент по крајот на оваа сезона.
„Скај Спортс“ јавува дека од клубот и официјално му соопштиле на Велшанецот дека нема да му биде понуден нов договор.
Играчот од средниот ред не бил баш многу среќен затоа што до денес никој од клубот не му соопштувал што ќе биде со него и не му објаснил зошто се запрени преговорите за негов нов договор.
За Велшанецот постои сериозен интерес од Манчестер Јунајтед и Челси, а се шпекулира дека и Барселона и Јувентус се заинтересирани за неговите услуги.