Готово е: Челси го урна светскиот рекорд – пристигнува фантастичен голман! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетик Билбао денеска официјално објави дека нивниот голман Кепа Аризбалага ќе стане нов член на Челси.

Шпанците потврдија дека „сините“ ја платиле откупната клаузула од 80 милиони евра, па Кепа наскоро ќе има лекарски прегледи и ќе потпише договор со новата екипа.

Деталите од договорот не се познати, а официјалното претставување и потпишување на договор се очекува денеска.

Кепа има 23 години, а играше во Атлетик Билбао уште од 2004/05. Шпанецот беше не чекор до преселба во Реал Мадрид, кој можеше да го донесе за само 20 милиони евра, но играчот реши тогаш да го продолжи договорот.

На овој начин, Челси го урна претходно поставениот рекорд на Ливерпул, кој го купи Алисон Бекер од Рома зa 67 милиони фунти.