ГОТОВО! ПСЖ искешира 30 милиони евра за новиот Роналдо и го победи Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Патрик Клајверт вечерва го заврши трансферот на еден од најбараните играчи во Европа.

Секавична реакција на Пари Сен Жермен и второ засилување на Паркот на Принцевите! Нов играч на францускиот шампион е Гонсало Гуедеш!

Момчето што медиумите во Европа веќе го етикетираа како нов Кристијано Роналдо се сели во Пари Сен Жермен во трансфер тежок 30 милиони евра!

Тој е второ големо засилување на Светците кои веќе го доведоа Хулијан Дракслер за 40 милиони евра.

А да потсетиме дека во екипата во оваа зима се приклучи и Џовани Ло Селсо, големиот аргентински талент од Росарио кој ПСЖ го купи во минатото лето но го остави да се кали на позајмица во Росарио уште шест месеци.

Гонсало Гуедеш е еден од најбараните играчи во Европа во оваа зима. Беше голема желба на Манчестер Јунајтед и се очекуваше дека Црвените ѓаволи ќе го доведат наместо Мемфис Депај кој замина во Лион и Ешли Јанг кој е излезните врати на Олд Трафорд.

Манчестер Јунајтед долго преговараше со Бенфика и се надеваше дека Жорж Мендеш ќе им донесе уште едно големо име, но во приказната влезе ПСЖ и експресно го заврши трансферот.

Спортскиот директор францускиот клуб Патрик Клајверс денеска претстојуваше во Лисабон каде што ги договори сите детали од 30 милиони вреден трансфер на 20-годишното крило.

Иако играчот имаше клаузула од 60 милиони евра, Бенфика прифати на дупло помала сума. Играчот уште порано ги договори деталите со Клајверт и ќе потпише соработка на четири и пол години.

Гуедеш игра на двете крилни позиции, но и како класична десетка. Поради брзината умешноста го споредуваат со Кристијано Роналдо.

Од деветтата година е член на Бенфика за која дебитираше на 18 години, стана и најмлад португалски стрелец во ЛШ, а со 19 години и носител на играта на славните Орли.

 

Неговото доаѓање значи и гужва на крилните позиции во тимот на Емери.

Тука се уште Дракслер, Ди Марија, Ло Селсо. Бен Арфа, Пасторе и Хесе кој заминува од клубот.