Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
7-оттенисер во светот, Надал изјави дека ќе има тешка задача во ½-финале на Монте Карло.
Тој во ¼-финале го победи Шварцман со 6:4 и 6:4, а го очекува дуел со Гофан кој успеа да го исфрли Ѓоковиќ со 6:2, 3:6 и 7:5.
„Давид е одличен играч. Тој е еден од тие тенисери кои играат неверојатно во текот на цела сезона. Притоа добива многу натпревари. Јас знам дека може да го победи секој тенисер, а тоа го знае и тој. Тој има се поголема самодоверба, а минатата година реков дека може да се бори за врвот.“
Надал минатата година ја освои титулата во Монте Карло, откако во финалето го победи Монфилс.
Во првиот ½-финален натпревар ќе играат Вињолас и Паули од Франција. Нивниот дуел е од 13:30.