Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ во текот на кариерата доби различни епитети, но беше дел и од многу контроверзи и анегдоти. Сега една од своите со Швеѓанецот раскажа и поранешниот соиграч Енди ван дер Мејде.
Ван дер Мејде во исто време важеше за еден од најталентираните млади фудбалери во Холандија, но својот целосен потенцијал никогаш не го достигна поради бурниот живот надвор од теренот.
Холанѓанецот беше дел од најталентираната генерација на Ајакс заедно со Ибрахимовиќ, со кој беше пријател со години.
Ибра е познат како некој со кого нема шега, па не чуди тоа што се случило откако Енди го бакнал во уста.
„Кога патувавме на гостувањето често седев со Ибрахимовиќ во автобусот. При една шанса го бакнав во уста.. Знаете што следуваше. Веднаш добив неколку удари во глава“, кажа Ван дер Мејде.