Го забележавте ли ова? Бројката на Кавани напишана наопаку на неговиот шорц (Фото)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Уругвај вчера ја елиминираше репрезентацијата на Португалија и се пласираше во четврфиналето од Светското првенство.

Најдобар играч на овој натпревар беше напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани кој беше стрелец на двата погодоци на јужноамериканската земја.

Покрај головите, она што не остана незабележано беше и бројот на шорцевите на Кавани. Поради веројатна грешка на Пума, бројот 2 на шорцот на напаѓачот беше напишан наопаку, нешто што веднаш им падна в очи на фудбалските сеирџии.