Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер и член на Барселона, Нејмар, е оптимист пред реванш дуелот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Барселона првиот меч против Јувентус загуби со резултат 3:0 во Торино, па така ќе им биде многу тешко да поминат во наредната фаза од натпреварувањето.
Сепак, Нејмар смета дека неговата екипа може тоа да го направи, баш како што направиле и против ПСЖ во осмина финалето. Тогаш Барселона го загуби првиот меч со 4:0 во Париз, а во реваншот славеа со дури 6:1 и тоа со три гола постигнати во финишот на мечот.
„Мораме да веруваме дека тоа можеме да го направиме. Пред неколку дека мојот татко ми рече една работа која сеуште ми е во главата. Мислам дека апсолутно е во право. Ми рече дека не е важно кој е ривал и дека ние сме Барселона и дека можеме да ја победиме било која екипа и тоа не се промени. Тоа значи дека ние тоа можеме. Го направивме тоа еднаш, можеме повторно. Ќе дадам се од себе. Ако се помине во најдобар ред, ќе видиме уште едно враќање“, рече Нејмар.
Да потсетиме реванш дуелот меѓу овие екипи се игра во среда со почеток од 20:45 часот.