„Го одбив Лестер поради тоа што му го направија на Раниери!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели одби да стане тренер на Лестер.

По отказот на Раниери многу имиња се поврзуваа со Лестер.

На крајот работата му припадна на Шекспир, човек кој му беше помошник на Раниери.

Раководството на тимот сакаше нов тренер да стане Прандели, но тој ги одбил.

„Ги одбив без размислување. Не се оди на такво место каде што гледате како се однесуваа кон Раниери. Таму не се оди и точка.“

„Раниери направи нешто што не може да се повтори и заборави. Тие туку така му дадоа отказ, иако испиша историја на клубот.“

Прандели последната тренерска работа ја имаше во Валенсија, каде што доби отказ во септемвир минатата година, а работеше уште во Галатасарај, Фиорентина, Парма и Рома.