Го поврзаа со Арсенал, а тој со „стори“ на Инстаграм изгледа го потврди трансферот?!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Момчето чие име беше доведено во врска со Арсенал, „го подгреа оганот“ со објава на социјалните мрежи.

Не е првпат вистината на трансфер шпекулацијата да се утврди на основа на објава на играчот по социјалните мрежи, па поради тоа не треба да биде чудно доколку стоперот на Валјадолид навистина заврши во Арсенал.

Шпанецот, Фернандо Калјеро објави на инстаграм „стори“ од Лондон и на тој начин го „подгреа огнот“.

Фудбалерот на Валјадолид отседнал во хотелот „Х10 Вотерло“, што се потврдува дека веднаш по дуелот со Атлетик Билбао седнал во авион и заминал за Лондон.