Грановскаја со писмо до газдата Абрамович: Немој да паднеш во несвест, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хакерите го „пробиле“ и мејлот од кој Марина Грановскаја му пишувала на газдата на Челси Роман Абрамович пред трансферот на Н`Голо Канте.

Тогаш најдобриот фудбалер во лигата и шампион со Лестер, одличниот Канте имал понуда и од ПСЖ, но неговите агенти не биле задоволни, зашто провизијата на менаџерите не може да биде поголема од 10% во Франција.

Во Англија не постои ограничување, па неговите менаџери Грегори Дака и Абделакарим Дуа заедно земале 12 милиони евра. Инаку, Челси за трансферот плати „само“ 38,5 милиони евра.

„Немој да паднеш во несвест, ама еве колку е провизијата на неговите агенти“, му напишала Грановскаја на Абрамович.

Канте ја освои Премиерлигата, а минатата година и Купот, но ПСЖ не се откажува од него, а Челси не го пушта ниту за 100 милиони евра.

Сепак, „сините“ се во проблеми, односно им се заканува двегодишна суспензија за трансфери, поради што на некој начин ја измамиле УЕФА, при ангажирање на малолетни фудбалери.

ФИФА најави истрага, но ако не најдат дополнителни докази, тогаш информациите на „Фудбал ликс“ не може да се сметаат како доказ на суд и тоа е најголема надеж на Челси дека ќе се спаси.