„Граѓаните“ ја сакаат титулата во ЛШ, а Гвардиола планира три трансфери во јануари!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот Пеп Гвардиола сака да го симне притисокот од своите фудбалери, но и на јавноста и на навивачите им е јасно дека доколку не успеат да ја освојат Лигата на шампиони (ЛШ), тоа ќе биде неуспех за нив.

„Знам дека многумина гледаат така на работите и мора да признаам дека тоа влијае на фудбалерите“, кажа Гвардиола.

Медиумите објавија листа со засилувања за јануари на Гвардиола, а на неа има три имиња, Матијас де Лит, Френки Де Јонг и Алекс Сандро.

Се шпекулира и дека Гвардиола би можел да се обиде да го ангажира Филипе Луис, кој не се прослави во Челси, а има уште шест месеци од својот договор со Атлетико Мадрид.

Доколку и тоа не успее, тогаш дефинитивно ќе проба да го ангажира Жорди Алба, кој покажа желба да настапува во Премиерлигата.