Грег Попович го побара најбрзиот тајм-аут во историјата на кошарката


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот кошаркарски тренер Грег Попович е познат по своите краткотрајни тајм-аут-и.

Во секој поглед долгогодишниот тренер на Сан Антонио Спарс е различен од останатите тренери.

Харизматичниот Грег е тренер со големо знаење, но воодушевува и со некои потези како што се кратките тајм-аут-и, а некогаш на новинарските прашања одговара само со да или не.

Сега направи неверојатна работа. После само 14 секунди игра против Вашингтон Визардс, тој одлучи да направи тајм-аут.

Мечот само што започна, а тој веќе увиде дека некој дел од неговата петорка не „штима“.