Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне во разговори со медиумите зборуваше за судбината на Гризман.
Тој минатото лето имаше голем број на понуди, но по консултацијата со Симеоне одлучи да потпише нов договор.
Сепак, Симеоне не може да гарантира дека таков епилог ќе има и по завршувањето на оваа сезона.
„Дали ќе не напушти Гризман. Секако. Постои откупна клаузула и не постои никаква гаранција дека и наредната година ќе игра за Атлетико.“
„Минатото лето многу зборувавме. Неговиот услов беше да останам и јас. Затоа што тоа беше јасно, тој започна преговори и потпиша нов договор.“
„Сепак, јас не можам да го натерам играчот да остане во Атлетико. Не го барав тоа ниту од Коста, ниту од Фалкао, па нема да го барам ниту од Гризман.“
Да потсетиме, Гризман има клаузула од 100 милиони евра.