Грифин во акција – му покажуваше на судија дека згрешил и тоа преку – Ајпод! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Центарот на Детроит пистонс, Блејк Грифин беше во центар на внимание, откако во текот на вчерашниот меч на неговиот тим против Индијана Пејсерс имаше интересна дискусија со судијата.

Во еден тајм-аут искористи шанса на еден од судиите да му покаже дека не бил во право поради некоја одлука, а притоа тоа му го покажуваше преку Ајпод.

Секако, вакви сцени беа незамисливи до пред неколку години, но технологијата зема голем замав, како што напредува, а може да се очекуват почесто вакви ситуации.

Инаку, Детроит го загубија мечот со 88-125, а Грифин беше одличен и постигна 18 поени.