Грците не знаат каде се наоѓаат: Босна води 2-0, Пјаниќ даде гол од 35 метри! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Босна и Херцеговина во вториот меч од квалификациите за Европското првенство во 2020 година води на домашен терен против Грција со 2-0.

Домашната селекција во Зеница стигна до водство по само десет минути игра преку голот на Един Виска, па навивачите полудеа од среќа.

Само пет минути подоцна навивачите беа воодушевени од новото ремек-дело на ѕвездата на Јувентус, Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ имаше одличен шут од слободен удар, па успеа да ја затресе мрежата на Грците за водство од 2-0, а како што тргнале Босанците, сигурно до крајот на мечот ќе имаат уште многу шанси за поубедлив триумф (секако, доколку останат вака работите).