Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган се покажа како вистинско засилување за „граѓаните“ за новата сезона, откако започна да игра одлично на „Етихад“.
Во разговор за англиските медиуми, Гундоган нарпави споредба помеѓу сегашниот и поранешниот менаџер, односно помеѓу Пеп Гвардиола и Јирген Клоп за кои ги смета дека во моментов се двајцата најдобри менаџери во светот.
„И кај двајцата многу е тешко да тренираш. Разликата е во тоа што Гвардиола сака топката секогаш да биде во нозете на неговиот тим, додека Клоп повеќе ги форсира ситуациите еден на еден. Меѓутоа, и двајцата се интересни“, изјави Гундоган.
„Работата на Клоп во Ливерпул ме потсетува на почетокот во Дортмунд, особено кога се гледа комуникацијата со играчите. Тој има дарба да го фасцинира тимот и да го турка напред, што се гледа и по играта. Ливерпул има голема предност бидејќи не игра во Европа и ќе ни биде голем конкурент“, додаде германскиот репрезентативец.