Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Пред малку завршија првите два натпревари од второто коло од најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.
Во групата Ф, Манчестер Сити стигна до првиот триумф оваа сезона во Лигата на шампионите откако потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај Хофенхајм со 2:1. Домаќинот стигна до водство уште во првата минута преку Белфодил, но радоста траеше кратко затоа што во осмата минута Агуеро го изедначи резултатот.
За нов гол се чекаше до 87. минута кога Давид Силва погоди за водство кое на крајот се покажа и како победа за Манчестер Сити.
Во групата Х, во дресот на Јувентус своја ноќ имаше Пауло Дибала кој со хет трик донесе висока победа за клубот од Торино против аутсајдерот, Јанг Бојс. Аргентинецот постигна голови во петтата, 33. и 59 минута од натпреварот.