Далас го декласираше Шарлот, Дончиќ стигна до дабл-дабл (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас Маверикс синоќа го совлада Шарлот Хорнетс со 122-84, а тоа беше четврта убедлива гостинска победа во нивната историја, а токму до триумф ги предводеше Лука Дончиќ.

Одличниот словенечки кошаркар стигна до шестиот дабл-дабл во првата сезона во НБА, откако за само три четвртини постигна 18 поени и 10 скокови, а притоа имаше и четири асистенции.

Уште на почетокот беше јасно дека екипата на Дончиќ ќе победи бидејќи по првата четвртина имаше предност од 42-26, а на полувреме заминаа со 24 поени разлика.

До крајот продолжи нивната доминација и во ниту еден момент не им дозволија на Шарлот да направат изненадување.

Инаку, покрај Дончиќ, во победничкиот тим се покажаа Смит со 18 поени и Барнс со 17, додека кај Шарлот најдобар беше Вокер со 11 поени.