Далиќ: Не може мене да ме сменат луѓе кои двапати во животот допреле топка!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Златко Далиќ не е сигурен дали ќе остане на селекторското место на Хрватска, а тој е незадоволен од односот на управата на Хрватскиот фудбалски сојуз.

„Можам уште две години да ја водам репрезентацијата, но кажав дека по Америка ќе донесам одлука да заминам. Не можам да поднесам луѓе кои во својот живот двапати допреле топка и сакаат да ме сменат“, кажа Далиќ.

Исто така, Далиќ откри дека има понуда од пет милиони долари годишно од Азија, како и неколку понуди од екипите кои играат таму, но тоа е премалку и негова желба е да остане во Европа.