Далиќ останува селектор на Хрватска!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Златко Далиќ и во иднина ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Хрватска, а тоа беше потврдено на официјалната веб-страна на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Далиќ имаше историски успех на Мундијалот во Русија, меѓутоа во претходните недели се шпекулираше дека ќе замине од селекторската позиција.

Златко имал состанок со претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер, а резултатот од разговорите е позитивен.

„Ми беше важно да разговарам со претседателот Шукер за сите теми и му се заблагодарувам на разбирањето. Сметам дека ги решивме проблемите и се радувам на нови предизвици“, кажа Далиќ.

Па така Далиќ ќе ја предводи селекцијата на натпреварите против Португалија и Шпанија.