Далиќ се огласи: Манџукиќ се прости од Хрватска во голем стил!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Марио Манџукиќ денеска се прости со репрезентативниот дрес на Хрватска по 11 години поминати во дресот на својата селекција.

Напаѓачот на Јувентус својот последен натпревар за Хрватска го одигра во финалето на Мундијалот во Русија, против Франција и го освои сребрениот медал.

По пензионирањето на Манџукиќ, во јавност се огласи селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

„Кога Марио ми кажа за неговата одлука, веднаш ми беше жал, зашто повеќе нема да игра за репрезентацијата, но го разбирам. Се прости во голем стил и среброто е најголем успех во нашиот фудбал“, кажа Далиќ.