Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Имаат кристално јасни планови, еден веќе купија, а останатите четворица играчи би можеле овој силен тим да го направат нереално моќен…
Барселона, ако се се реализира според замисленото на спортскиот оддел, ова лето би требало да донесат тројца нови играчи.
Првиот е Морено од Ливерпул, што е изненадување поради тоа што тој е во втор план кај Клоп од минатата сезона, но во Барселона сметаат дека Шпанецот би бил идеална алтернатива за Алба, кој го продолжи договорот.
Морено има понуди од Севиља и Лацио, но секако дека ќе ја прифати Барселона.
Друга мета на Каталонците е Де Лигт, но Ајакс бара 10 милиони повеќе од тоа што нуди Барселона, Раиола го убедува одличниот стопер да оди во Јуве, но тој сака да се појави на Камп Ноу.
Како и во случајот со третиот избор, Јовиќ, Каталонците сметаат дека желбата на играчот ќе биде финалната одлука.
Процената на Каталонците е дека Де Лигт и Јовиќ можат да се добијат за околу 120 милиони евра, тие веќе го купија Де Јонг, а на продажба е и Кутињо.
Така што, ако стигне Де Лигт, најверојатно Умтити може да си замине, а најверојатно Валверде повеќе би се разрешил од Видал, а не од Ракитиќ.
И Боатенг кој е на позајмица од Сасуоло нема да биде откупен, а Барселона мора да го разреши и статусот на играчите како што се Андре Гомеш, Денис Суарез, Даглас кои исто така се на позајмица.