Дали е можно? Нескршливиот Ибрахимовиќ побара одмор


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Иако е во поодминати фудбалски години, Златан Ибрахимовиќ и понатаму важи за еден од најподготвените и најсилни фудбалери, па затоа веста која доаѓа од САД во најмала рака може да се земе со неверување и зачуденост.

За неколку дена на програмата е натпреварот помеѓу МЛС ОЛ-Старс и Јувентус на кој секако требаше да заигра и Ибрахимовиќ, но Швеѓанецот побара да биде поштеден.

МЛС го ослободи Ибрахимовиќ од тие обврски со образложение дека искусниот напаѓач во една недела одигра дури три натпревари.

Освен со Јувентус, Ибрахимовиќ ќе ја пропушти и првиот следен натпревар на неговиот Лос Анџелес Галакси.