Дали е на повидок големо враќање? Симеоне има страшна идеја?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат шпанските медиуми, Атлетико Мадрид може да ангажира огромно засилување за ова лето.

Доста во последно време се пишуваше за мадридски Атлетико. Ја завршија сезоната на третото место, одат во групната фаза на ЛШ.

Во оваа сезона во елитното натпреварување испаднаа во полуфиналето, додека во истата рунда од натпреварувањето се запрени и во Купот на Кралот.

Веќе размислувањата на клубот се насочени кон наредната сезона, а се шпекулира и со имиња на играчи кои можат да ги засилат Јорганџиите.

На радарот на клубот е еден лев бек, како и еден офанзивен играч за цврска, тоа Симеоне го стави како приорите, повеќе во продолжението.

Веќе некое време се пишува дека клубот може да го засили Александер Лаказет и самиот играч изјави дека нема ништо против за премин во екипа за која настапува неговиот сонародник Антоан Гризман, но Чоло има нова идеја.

Тој имено во редовите на Атлетико сака да го видо поранешниот играч на овој клуб Радамел Фалкао.

Популарниот „Еел Тигре“ веројатно и своите најдобри години во кариерата ги помина на Висенте Калдерон, пружеше блескави партии во дресот на Атлетико, но од заминувањето имаше големи проблемји да ја пронајде својата форма.

Во првата сезона во Монако беше добар, потоа следеа позајмици во Манчестер Јунајтед и Челси каде што многу лошо се покажа, но Фалкао повторно процвета во оваа сезона, постигна 28 голови и беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата од страна на Кнежевците.

Симеоне не крие дека повторно сака да соработува со него, сепак тоа ќе биде многу тешка мисија на Јорганџиите, бидејќи Монако не сака туку така да се раздели.