Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид очигледно нема да смета повеќе на Рафаел Варан од наредното лето, но „дупката“ во одбраната ќе ја „закрпи“ со нов дефанзивец, за кого сака да урне светски рекорд.
„Кралевите“ имаат листа со потенцијални засилувања, а на неа се наоѓаат неколку звучни имиња, меѓу кои се наоѓа и Калиду Кулибали, за кого сигурно ќе се водат тешки и напорни преговори со Наполи, а цената му изнесува 120 милиони евра.
Втора опција за Реал е Милан Шкрињар, неговот агент потврди дека е мета на „кралевите“, а Интер минатото лето го одби Манчестер сити, кој нудеше 60 милиони евра, но за сума од 100 милиони евра „нераѕурите“ сигурно ќе го продадат.
Да потсетиме, „кралевите“ го купија Едер Милитао од Порто, но доколку замине Варан, тогаш ќе им биде потребен уште еден стопер. Се споменуваше Матијас де Лихт, но очигледно таму Барселона е огромна пречка.