До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челси во моментов е на петтата позиција на табелата во Премиерлигата со два бода помалку од Ливерпул.
Работата е јасна. Ливерпул има подобар меѓусебен дуел и гол-разлика, па на Челси му е потребна победа во гости, но тешко може да се поверува дека Брајтон ќе го порази Ливерпул.
„Навистина сакаме да се пласираме во Лигата на шампиони. Ние сме голем клуб кој веќе ја освојуваше Лигата на шампиони, па би сакале да се квалификуваме. Уште веруваме во тоа. На нас ни е најважно да се посветиме на нашата игра“, кажа Бакајоко.
Тој од Монако премина во Челси, но навивачите сметаат дека е најголемото промашување на клубот.















