Дали Клоп се кае што го продаде овој фудбалер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул зборуваше за поранешните фудбалери на Ливерпул кои играат фантастично оваа сезона.

Ливерпул повторно е еден од кандидати за титулата во ПЛ, многу мислат дека Јирген Клоп е човекот кој ја врати надежта дека црвените можат до титулата која долго се чека.

Сепак, германецот се кае што продаде еден фудбалер.

Не, тоа не се Балотели и Бентеке, туку Џо Ален кој потпиша за Стоук.

Ален е еден од најдобрите фудбалери на Стоук оваа сезона, а на ЕП беше избран во идеалниот состав.

„Дали ни недостасува Џо Ален? Да, тој е неверојатен фудбалер. Сите го знаевме неговиот квалитет, но сите знаевме дека тешко ќе добие улога во стартниот состав“, изјави Клоп.

„Сега има нешто по офанзивна улога во новиот клуб. Сега игра одлично и ни покажа што научи кај нас“, заклучи Клоп.