Дали Несторовски ќе и каже чао на Сицилија и заминува во подобар фудбалски живот?


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Илија Несторовски, момчето кое од Интер Запрешиќ од хрватскиот фудбал замина на Сицилија, виде како е, одигра најдобро како што можеше и ова лето би можел да замине, на север, далеку од Сицилија.

Напаѓачот на Палермо кон себе го сврте вниманието на многу големи европски клубови, а екипата на Евертон сериозно загриза за негово ангажирање.

Куман во нашиот Илија гледа замена за Лукаку кој ова лето би можел да замине во друг клуб, како на пример Челси, па за Несторовски да се издвојат од 15 до 20 милиони евра.

Во 2015 Несторовски пристигна во Интер од Запрешиќ, пред тоа играше во Победа Прилеп, Словачко, Викторија Зизков како и Металург но во Интер одигра феноменални сезони и го сврте вниманието на италијанските скаути кон себе.

Оваа сезона во Палермо продолжи со истото темпо како и од Хрватска, постигна 10 погодоци и повторно големи скаути од големи клубови го следат.

Палермо веќе може да се каже дека ја напушта Серија А, па сигурно Несторовски покрај тој голем интерес од поголеми клубови нема да остане и да игра во Серија Б.

Продавањето на Несторовски ќе значи и еден финансиски плус за Палермо бидејќи беше доведен за само 500.000 евра.