Дали овој кикс ќе ги чини многу: Наполи ремизираше со Сасуоло


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Наполи продолжија со лошите игри во оваа сезона во Серија А.

    Вице-шампионот на Италија денес на свој терен одигра само 1:1 против Сасуоло и така пропушти идеална шанса да му се приближи на Јувентус и другите тимови од самиот врв.

    Наполи беше подобар тим во првото полувреме, а наградата за тоа стигна во 42-та минута. Инсиње на асистенција на Хамшик погоди за водство од 1:0.

    Вистински шанси во продолжението немаше и по се изгледаше дека тимот на Сари ќе се задоволи со овој резултат, но тогаш следуваше шок.

    Дефрел во 82-та минута го замолче „Сао Паоло“ и му донесе на Сасуоло бод.

    Каљехон во продолжението ја имаше најубавата шанса за Наполи да се врати во водство, но тој ја погоди само стативата.

    Наполи се наоѓа на 7-мо место со 25 бодови по 14 кола, 8 помалку од Јувентус.

    Од друга страна, Сасуоло конечно успеа да ја прекине низата од 4 порази по ред и сега е на 16-то место со 14 бодови.