Дали Перез ќе го „преживее“ летово: Реал Мадрид доби одговор од Челси!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Скај спортс“ пишува дека Челси не сака да ги продолжи преговорите со Реал Мадрид за продажбата на Тибо Куртоа.

Причината е едноставна, а тоа е затоа што „сините“ сакаат да донесат прво замена за Белгиецот, а потоа да го продадат голманот.

Реал Мадрид понуди 32 милиони фунти, а исто така ги договори условите со играчите и сега се чека само согласност од управата на Челси.

Сепак, Маурицио Сари не сака да остане без квалитетен голман, па ќе се обиде до деветти август да ангажира замена за Куртоа.