Дали пропадна и последната надеж: Азар ги реши сите дилеми за неговата иднина!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси е немоќен, а барањата на Еден Азар не неверојатни и речиси невозможни, иако претседателот Роман Абрамович е подготвен да му понуди цело богатство.

Белгиецот нема да форсира трансфер, односно е подготвен да остане уште 18 месеци, но Челси такво нешто нема да дозволи затоа што ќе мора да го пушти потоа да замине бесплатно.

Тие мора да го продадат, доколку не потпише нов договор, а сумите кои ги бараат се нереални за фудбалери, кој во лето ја почнува својата последна сезона од договорот.

„Сите знаат, мојата желба е Реал Мадрид, на крајот на сезоната ќе донесам одлука, тоа е од мене“, вели Азар.

„Сините“ се надеваа дека заминувањето на Зинедин Зидан од тренерското место на Реал ќе го натера Азар да се предомисли и да остане.

Инаку, Челси му нуди 18 милиони евра по сезона, а во Реал нема да добие повеќе од 15 милиони, па ќе видиме што ќе се случи во лето.

Доколку не го продолжи договорот, тогаш Челси ќе бара 170 милиони евра, но јасно дека нема тоа никој да го плати. Азар има понуда од ПСЖ, но не сака да настапува во француската лига.