Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес од 20:45 се одиграа 2 натпревари на СП во Франција.
Во првиот натпревар кој се играше вечерва помеѓу Данска и Аргентина немаше поголеми возбудувања, па Данска лесно дојде до победата со 33:22.
Големи главоболки на Аргентина им зададе Хансен кој ја бушеше мрежата од самиот почеток на натпреварот.
Во првото полувреме тимот на Аргентина добро се држеше на почетокот на натпреварот, односно до резултат 6:6, дури неколку пати го имаше и водството. Но Данска потоа направи неколку серии, кои беа доволни за водство на полувремето од 17:11.
Во второто полувреме Данците продолжија онаму каде што застанаа, па во еден момент имаа водство и од максимални 12 голови разлика.
Најдобар стрелец кај Данска беше Хансен со 6 погодоци додека кај Аргентина најдобар беше Фернандез со 6 постигнати голови.
Во вториот натпревар Хрватска лошо го започна натпреварот против Саудиска Арабија, иако беше голем фаворит, но се поправија во второто полувреме и стигнаа до заслужена победа со 28:23.
На првиот гол се чекаше до 4-та минута. Прво Дувњак, а потоа во 5-та минута и Штрлек погоди за 2:0 на Хрватска.
Во 8-та минута Хрватска имаше предност од 3 голови, а 10 минути подоцна тие имаа и предност од 10:8, но потоа Саудиска Арабија прави серија од 3 голови и го превзема водството.
Сепак, до крајот на полувреме успеаа Хрватите да се соземат и да заминат на полувремето со предност од 1 гол.
Второто полувреме го отвори одлично Хрватска со серија од 3 голови и предност од максимални 4 голови.
Возбудувањата продолжуваа и понатаму, а Хрватска успеа да го одржи водството до самиот крај на натпреварот.
Најдобар стрелец во натпреварот беше Циндриќ со 6 постигнати голови.