Данска се наоѓа пред неверојатен срам и исфрлување од Европското првенство во 2020. година.


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поради караница за комерцијалните права помеѓу сојузот и репрезентативците, Данска во моментов е без играчите. Тоа се случува еден ден пред пријателскиот дуел против Словачка и пет дена пред гостувањето кај Велс на почетокот на Лигата на нации.

Фудбалскиот сојуз испрати писмо до играчите од прволигашките клубови да се појават сите кои сакаат да играат, но такви засега нема.

Сепак, „огласот“ уште стои од страна на Сојузот и се очекуваат заинтересираните да се јават до 15 часот.

Ако не успеат да соберат играчи на време и не ги одиграат следните натпревари, им се заканува жестока казна од ФИФА, односно исфрлање од Европското првенство во 2020. година.