Дански репрезентативец поради промашен пенал добил – смртни закани!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Данска соопшти дека напаѓачот Николај Јоргенсен добил смртни закани по промашениот пенал во осминафиналето на Мундијалот во Русија.

Играчот на Фејенорд и Данска шутираше пенал од петтата серија против Хрватска, а неговиот удар го одбрани Даниел Субашиќ.

Иако Јоргенсен беше само еден од данските трагичари, следуваа вознемирувачки коментари на друштвените мрежи, како и смртни закани.

„Нашето друштво не смее да прифати смртни закани, без разлика дали тие биле испратени на играчи, политичари или некој друг. Тоа е неприфатливо“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Данск.