Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во средата фудбалскиот свет беше шокиран откако украинските медиуми објавија дека еден од најдобрите фудбалери во историјата на Хрватска, Дарио Срна паднал на допинг тест.
Веста изненади многу фудбалски фанови затоа што Срна се смета како еден од најголемите професионалци во фудбалскиот спорт. По тој повод се огласи и самиот фудбалер во соопштение испратено до сите светски медиуми.
„На 18 септември оваа година сум известен од страна на Националниот антидопинг центар дека во мојот примерок кој го сум го дал на 22 март 2017 година е пронајдена недозволива супстанца.
Како прво и најважно сакам веднаш искрено да истакнам дека никогаш свесно или со намера не сум зел некое недозволено средство ниту незаконито и неопштено не сум се обидел да ја зголемам својата спортска способнсот.
Моментално ги истражувам можните извори на пронајдените работи во целост, доброволно и со полна почит соработувам со Националниот антидопинг центар во Украина. Со цел да се посветам на својата одбрана и да спречам секакво можно вознемирување на мојот тим и согирачите, донесов одлука да се повлечам од сите натпреварувања додека правниот процес кој е во тек не заврши. Во целост ќе се фокусирам на тоа како да ја сочувам својата чест“- гласеше дел од соопштението на Дарио Срна.
Меѓу другото долгогодишниот капитен на „Коцкестие“ истакна дека ова никако не значи крај на неговата кариера.