Дарко Велковски заминува на печалба во Хрватска!


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот шампион Ријека направи одличен трансфер откако потпиша со 22-годишниот Дарко Велковски.

Стоперот, кој игра по потреба и како играч за врска беше блиску до крајот на договорот со Вардар со кој има обврски уште шест месеци, но сепак можеше да преговара со заинтересираните клубови.

Вака потпиша договор на три ипол години со опција за продолжување на уште една, а ќе се пресели во Хрватска по завршување на оваа сезона.