„Да играте за Реал е најдобро чувство што се доживува“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Алваро Мората во минатото лето се врати во екипата на Реал Мадрид.

Мората од Реал замина во летото 2014 година во Јувентус. Во редовите на Старата дама помина две сезони и играше многу добро.

Реал ја задржа шансата да го врати во своите редови за 30 молиони евра и тоа го искористија па Мората повторно е во стариот клуб.

Тој е многу среќен поради тоа и порачува дека играњето за Реал Мадрид е најдобро чувство што може да се доживее.

„Како дете влегов со родителите и фамилијата на Бернабе. Се сеќавам дека еден ден го гледав Ел Класико и му реков на својот татко „еден ден ќе играм овде“. Подоцна успеав во тоа и тоа е најдобро чувство што може да се почувствува.

Јасно е дека и Јувентус има убав стадион, но ова е Сантијаго Бернабе. Беше мојот сон да играм овде и многу сум среќен што го остварив“, рече Мората.

Мората во оваа сезона одигра 12 мечеви во шпанска Примера и постигна пет голови, а во Лигата на шампионите постигна два во пет мечеви. Освен тоа запиша и четири настапи во Купот на Кралот и даде два гола.