„Да не беше војната ќе го победевме Дрим тимот“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот тренер Душан Ивковиќ верува дека репрезентацијата на Југославија ќе го победела американскиот Дрим тим да немало војни на ова подрачје.

    Ивковиќ ова лето ја заврши кариерата, а беше последен тренер на репрезентацијата на Југославија.

    Верува дека во 1992 година на ОИ неговиот тим ќе го победел Дрим тимот.

    „Да немаше војна ќе ги победевме. Другите тимови кои играа со Американците, ќе се сликаа со Џордан, а ние ќе се подготвувавме за тој натпревар.“

    Ивковиќ во составот ги имаше Дражен Петровиќ, Тони Кукоч, Владо Дивац, но војната ги сопре да покажат што знаат.