Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Потезите на легендарниот Роналдо никогаш нема да бидат заборавени, а кога се појави на фудбалската сцена сите во него гледаа како „Бог на фудбалот“.
Легендарниот Диего Марадона, кој е еден од најдобрите играчи во историјата, вели дека Роналдо без дилема ќе бил најдобар, ако не се повредел.
„Ако не се повредеше, Роналдо ќе беше најдобар во светот. Тој е секогаш добро момче. Не се смени откако го запознав. И денес кога ќе ме види на 50 метри ме довикува – Диего, а јас му одговарам со – Рони. Го сметам за голем пријател“, вели Марадона.
Аргентинецот го гледаше натпреварот и на Интер против Лацио на 12. април 2000. година кога Роналдо се повреди по вторпат во само една година.
„Кога му го видов лицето си помислив: Не, зошто се случуваат вакви работи на ваков играч. Неговите повреди нè болеа сите кои во животот барем еднаш сме допреле топка“, кажа Марадона.